Оваа пролет долгите и волуменозните мантили се во мода!

Класичниот тренч е класично, безвременско парче облека кој игра важна улога во секој гардеробер и е тренди секоја пролет или есен. Но, оваа сезона, подгответе се да го видите во миди или долга верзија и со волуменозна форма. Веќе некое време, кај дизајнерите и ѕвездите на уличната мода, забележуваме издолжени стилови, а баш таквите мантилите ќе се носат и следната есен. Сега, доминираат мантили со должина скоро до глуждот, или ако не преферирате толку долг модел, тогаш мантилот нека биде барем до средината на листот на ногата. Често се носи заврзан, каде што главната улога имаат мантилот и обувките.

Што се однесува до обувките, секако се комбинира со сè: патики, високи салонки, тренди чевли со V-изрез, оксфорд-модел на платформа, ниски мокасини, чизми до глужд, шпиц чевли, ниски и високи сандали… Комбинациите неретко се интересен микс на елеганција и лежерен стил со спортски елементи – елегантна бела кошула со фармерки, модерен сив костим и маичка со принт или лежерна облека во спој со голема чанта.

Предлог комбинации:

Нашите мантили - Trenchcoats:

1.Тренч во беж боја https://sorelle.mk/product/trench-coat-beige/

2.Тренч во крем боја https://sorelle.mk/product/trench-coat-creamy/